Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Времињата и луѓето се менуваат, но семејните традиции нè држат заедно – божиќната реклама на Disney ќе ве потсети што е најважно

Како и секоја година, од Disney направија божиќна реклама која нема да ве остави рамнодушни, а овојпат од филмското студио се обиделе да ни ја покажат важноста на семејните традиции.

vreminjata-i-lugjeto-se-menuvaat-no-semejnite-tradicii-ne-drzhat-zaedno-bozhikjnata-reklama-na-disney-kje-ve-potseti-shto-e-najvazhno01.jpg

Со новата божиќна реклама, од Disney ja нагласуваат важноста на традициите кои ги зближуваат семејствата, особено за време на празниците:

„Додека времињата се менуваат и луѓето растат, драгите семејни традиции создаваат сеќавања кои се помнат со генерации и нè држат заедно, особено во празничниот период“, пишуваат од Disney.

Главните ликови во приказната се Лола и нејзината внука, кои секоја година заедно прават божиќни украси. Нo, како што внуката расте, нејзиниот интерес за оваа активност се намалува, па кога доаѓа време повторно да прават украси, таа ја одбива баба ѝ.

Кога внуката сфаќа колку ѝ е важна оваа традиција на Лола, ѝ приредува изненадување и ја продолжува нивната слатка традиција.

Рекламата трае едвај 3 минути, но успева да ни пренесе навистина важна порака и да нè потсети на најважните нешта во нашите животи.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
10 навики на луѓето кои на сите ни одат на нерви (повеќе од што било) Без осет ставаат еден тон парфем што не е пријатен за носот на околината, тресат...
10 одвратни работи кои (речиси) сите луѓе ги прават На огледало во тоалетот одблиску си ги гледаат акните, црнките, брчките, ги стис...
Маки со косата што им се познати на сите жени, низ илустрации Чистењето на одводот по туширање е неизбежно за жените со долга коса, а оние со ...
Најубавите новогодишни честитки што може да ги испратите за 2025 година Да наздравиме за пријателствата што ја прават секоја година поубава. Ви посакува...
Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg