Внатрешната убавина го засенува она што се постигнува со козметика – 10 особини на незаборавните жени

„Луѓето може да заборават што сте им рекле. Може да заборават што сте правеле. Но никогаш нема да заборават како се чувствувале поради вас“.

10-osobini-na-nezaboravnite-zeni-01.jpg

Незаборавните жени се толку уникатни и прекрасни. Тие се оние што ги нарекуваат „златни луѓе“. Дали сте една од нив? Дали познавате некоја таква?

Прочитајте ги следните 10 особини и откријте:

Емпатични сте

Ги разбирате оние околу себе многу подобро отколку што ги разбираат другите луѓе. Не ви е тешко самите да ги почувствувате емоциите кои ги чувствува вашиот соговорник. Понекогаш дури ги чувствувате како свои. Тоа е она што им помага на другите целосно да ви се отворат и да имаат доверба во вас, не скривајќи ништо.

Ретко ја покажувате својата болка

Замислете дека сте морале да се соочите со неверство од страна на саканата личност и ве мачи неверојатна душевна болка … а вашата најдобра другарка се подготвува за свадба. Без оглед на тоа во колку тешка ситуација сте, поради неа нема да го расипете расположението. Дури ќе ѝ помогнете околу сè што ѝ е потребно со насмевка на лицето.

Олицетворение сте на добрината

Сите луѓе од вашето опкружување се свесни дека во животот не познаваат пољубезна личност од вас. Не е ништо необично за вас да излезете од зоната на комфорот за да помогнете некому. Сопствените потреби и желби често пати не ви се на прво место. Мислите дека е најважно да им помогнете на другите луѓе, а дури потоа размислувате за себе. Никогаш не ги заборавате оние коишто ви помогнале и ве поддржале.

Знаете да простите

Без оглед на тоа колку пати луѓето ве повредиле и понатаму верувате во чинот на простување. Им давате и втора, и трета шанса на луѓето дури и кога ви ја изневериле довербата. Знаете дека простувањето е најдобриот начин да се ослободите од негативните емоции.

Независни сте

Толку многу сте независни што тоа ги воодушевува сите околу вас. Не ви е потребен партнер за да му даде смисла на вашиот живот. Сами знаете колку вредите и за што сте способни и дека за ништо не зависите од другите. Дури и кога не знаете како се прави нешто, спремни сте да научите. Поради сето ова не сте само независни, туку и уникатни.

Посебна внатрешна убавина

Прекрасни сте и тоа не само поради карминот кој ви стои одлично на тенот или новата маскара која ви ги истакнува очите. Не, прекрасни сте затоа што во вас нема трошка лага или преправање. Сè што зборувате доаѓа директно од срцето. Внатрешната убавина го засенува сето она што се постигнува со козметика. Вашата елеганција ве прави неверојатни и незаборавни.

Страсни сте

Што и да правите целосно му се предавате на процесот со страст и енергија. Било да се работи за мебел во домот или организирање на некој хуманитарен настан. Вашата страст најчесто ги инспирира и другите околу вас и луѓето ве памтат по ова засекогаш.

Сакате искрено и безусловно

Ги сакате сите без исклучок, а вашата љубов им помага на другите да се постават малку позитивно кон себеси. Секогаш сте тука за луѓето коишто ги сакате.

Енергични сте

Едноставно „пукате“ со енергија – и спремни сте да ја поделите со сите околу вас. Вашата енергија создава една пријатна, позитивна аура околу вас.

Паметни сте и мислите неколку чекори однапред

Сте поминале многу работи, но како резултат имате стекнато мудрост и искуство. Вашата интуиција ви помогнала во многу тешки ситуации во животот. Освен тоа, својата мудрост не ја чувате само за себе, туку ја делите со другите луѓе.

Дали и вие познавате некоја незаборавна жена? Некоја која го осветлува патот како најсветла ѕвезда во темната ноќ, како светлост во животот … означете ја во коментар и потсетете ја зошто е уникатна и незаборавна.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg