Се продаваа скинати Gucci хулахопки за 10.000 денари и веќе се распродадени (фото)
Уште еден во низата бизарни трендови, сигурно и вие дома имате некои вакви „тренди“ искинати хулахопки.
На социјалните мрежи и светските медуми вирално се шири веста за продажба на скинати хулахопки со потпис на луксузниот бренд Gucci, чија цена изнесува 10.000 денари, а побизарно од ова е што пишува дека се распродадени.
Овој тип на Gucci хулахопки се продаваат на страниците како Ssense, каде што веќе се распродадени, а не требаше долго за инстаграмџиките и твитерџиите да почнат да прават шеги на сметка на брендот.
Сепак, многумина сметаат дека на сајтовите намерно се наведува натписот „распродадено“, со цел компаниите да се оградат кога имаат неуспешни дизајни и да се извлечат од непријатна ситуација и лоши коментари.
На Инстаграм профилот @diet_prada објавија фотографија од хулахопките со нивната цена и напис дека веќе се распродадени, а модните професионалци кои го водат профилот, напишаа: „За сите кои ги купиле овие искинати хулахопки на Gucci… дали сте добри?“
Црните хулахопки со огромни дупки на нив ги инспирираше жените од светот да се шегуваат дека ќе си направат DIY проект, односно ќе ги докинат старите и веќе скинати хулахопки што ги имаат дома за да бидат „во тренд“.
Наводно хулахопките со дупки имале ефект на визуелно слабеење на нозете. Walmart продава слични модели на хулахопки, но за „малку“ поевтина цена - околу 1.200 денари.
Како ви се допаѓа овој „тренд“?
Уште некои слични модели:
С. С. | Црнобело