Како да убедите некој да ви направи услуга и уште 8 корисни психолошки трикови, низ илустрации
Иако сите луѓе се различни, на многу нешта речиси сите реагираме исто. Ова, пак, можете да го искористите во ваша корист.
Без разлика дали сакате да ѝ се допаднете на некоја личност, или само сакате да се натерате да направите нешто, психолошките трикови можат да бидат од голема помош.
Во продолжение погледнете 9 вакви трикови што сигурно ќе ви се најдат во секојдневието:
Трик за барање услуги
Ако очајно ви е потребна некоја поголема услуга од некој, а не сте сигурно дали ќе прифати, прво почнете со помали барања.
На пример, ако сакате да позајмите нечиј автомобил за следниот викенд, немојте веднаш да го барате тоа – прво прашајте дали може да позајмете некоја книга или слично. Но, немојте да претерувате па да оставите впечаток на личност која сака само да позајмува.
На овој начин многу е поверојатно подоцна личноста да се согласи за поголемата услуга, или барем ќе видите дали имате шанса. Ако не прифати да ви направи услуга за нешто мало - немате шанса ниту за нешто поголемо.
Џвакање мастика во стресни ситуации
Едно истражување покажало дека џвакањето мастика во стресни ситуации може да ви помогне да се смирите.
Уште се истражува точната причина за ова, но испитаниците на возраст од 18 до 49 години кои џвакале мастика побрзо се смирувале во ваквите ситуации.
Како да добиете повеќе информации од соговорникот?
Кога сакате некој да ви каже нешто повеќе, оставете го да зборува. Односно, откако ќе го поставите прашањето и личноста ќе ви даде одговор, немојте да зборувате и да го прекинувате, туку почекајте.
Во повеќето случаи, соговорникот ќе почувствува дека очекувате уште да зборува и ќе продолжи да зборува и да споделува повеќе информации.
Како да препознаете на која личност ѝ се допаѓате?
Ако сте во група луѓе и сакате да откриете на која личност ѝ се допаѓате, без разлика дали како пријател или нешто повеќе, обрнете внимание кој гледа во вас кога сите се смеете.
Обично, кога се смеат, луѓето го свртуваат погледот кон личноста која најмногу им се допаѓа или која ја чувствуваат како најблиска.
Како да се убедите да направите нешто?
Потребна е многу мала промена во зборовите за да се мотивирате да направите нешто. Наместо да си речете „Морам да го направам ова“, речете си „Сакам да го направам ова“и ставете си во ум дека ќе уживате во таа активност, наоѓајќи нешто забавно во тоа. Иако звучи многу едноставно, овој трик сигурно ќе ви помогне во некои ситуации, бидејќи мора сами да се натерате на нешто.