Не можат да одберат ни име за детето - какви правила следат бремените жени во кралското семејство?

Мајката мора да го дои детето

Доењето е лична одлука на секоја мајка, но не и во кралското семејство. Иако во минатото децата од кралското семејство имале други доилки, сега се очекува од жените тие да ги дојат нивните деца.

ne-mozhat-da-odberat-ni-ime-za-deteto-kakvi-pravila-sledat-bremenite-zheni-vo-kralskoto-semejstvo-06.jpg

Бабата и дедото кои немаат кралско потекло не постојат во животот на детето

За среќа, оваа традиција повеќе не постои, но во минатото, бабата и детето на детето кои немале благородничко потекло биле целосно исклучени од животот на нивното внуче.

Денес, родителите на Кејт Мидлтон и Меган Маркл можат да ги гледаат и воспитуваат нивните внуци, и покрај тоа што немаат „кралска“ крв.

ne-mozhat-da-odberat-ni-ime-za-deteto-kakvi-pravila-sledat-bremenite-zheni-vo-kralskoto-semejstvo-07.jpg

Сопругот не смее да присуствува на породувањето

Со векови, жените од кралското семејство се породувале пред многу луѓе, со цел да се осигураат дека никој нема да го замени детето. Сепак, сопругот на бремената жена не смеел да присуствува.

Денес породувањата се одвиваат поприватно, но сè до породувањето на Дијана, мажите не смееле да бидат во истата просторија. Изгледа и ова правило заминува во историјата, бидејќи Чарлс, Вилијам и Хари беа присутни кога се породуваа нивните сопруги.

ne-mozhat-da-odberat-ni-ime-za-deteto-kakvi-pravila-sledat-bremenite-zheni-vo-kralskoto-semejstvo-08.jpg

И двајцата родители можат да земат породилно

Откако ќе се породи жената, и таа и сопругот добиваат одмор и породилно отсуство. Односно, околу половина година не мора да ги извршуваат кралските должности.

ne-mozhat-da-odberat-ni-ime-za-deteto-kakvi-pravila-sledat-bremenite-zheni-vo-kralskoto-semejstvo-10.jpg

Не смеат да споделуваат новости за породувањето на социјалните мрежи

Кога ќе се роди дете во кралското семејство, најпрво се известува кралицата, а потоа дознаваат и другите членови на семејството. Откако ќе дознаат сите во палатата, дури тогаш ѝ се соопштува на јавноста. Што значи, новите мајки не смеат да се пофалат никому.

Во минатото, веста била напишана и поставена пред палатата, а денес ова е останато само како традиција. И Кејт и Меган ја прескокнаа традицијата – и за двете, вестите беа споделени на социјалните мрежи, но од нивните официјални профили.

ne-mozhat-da-odberat-ni-ime-za-deteto-kakvi-pravila-sledat-bremenite-zheni-vo-kralskoto-semejstvo-ne-mozhat-da-odberat-ni-ime-za-deteto-kakvi-pravila-sledat-bremenite-zheni-vo-kralskoto-semejstvo-09.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Никола, Снежана и уште 6 најпопуларни имиња за момчиња и девојчиња родени во декември Ако треба да станете родители во декември, а сè уште размислувате кое име да му ...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
Мажите си ги разменуваат жените, имаат секс по 5 пати на ден: Факти за Бушманите Поим за убавина им се жените со голем задник, пушат халуциногена билка и имаат с...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg