„Убаво спакувана и филтрирана илузија“ – 10 работи за кои луѓето најмногу лажат на Инстаграм

„Животот не е Инстаграм“, ќе каже најпознатата српска блогерка Дуња Јованиќ. Но се чини дека сите сакаат да го прикажат животот подобар, поубав, повозбудлив и далеку понереален од она што е.

10-raboti-za-koi-lugjeto-najmnogu-lazat-na-Instagram-01.jpg

Ова се 10 видови на објави во коишто никогаш не треба безусловно да верувате, затоа што тоа се нештата за кои луѓето најчесто лажат:

Емотивниот статус: слободен/слободна

Дали некој е во врска или не? Тоа е работа која со сигурност можеш да ја потврдиш од нечии објави. Лажењето дека некој е сингл, иако е во врска или брак е една од најчестите лаги на Инстаграм.

Колку нечија врска е силна и среќна

Факт е дека добар дел од паровите на Инстаграм не се толку среќни како што се прикажуваат на фотографиите. На Инстаграм се вљубени до небо, зависни од хаштагот „couple goals“, а во реалноста врската ни најмалку не наликува на тоа.

Колку пријатели имаат

Секој ден се објавуваат слики до различни луѓе, на различни локации, во различни амбиенти и околности. Поентата е да се прикаже колку многу пријатели имаат и како секогаш се во центарот на вниманието. Реалноста е веројатно многу поинаква – можеби немаат ниту еден вистински пријател кому би се јавиле во неволја.

Кои им се пријатели

Само затоа што некој позира покрај навидум славна или позната личност, не значи дека се пријатели. Денешниот свет се претвори во трка – кој има попознати и попопуларни пријатели. Инстаграм е арената на покажување и докажување на оваа тема.

Колку се популарни

Многумина се замислуваат дека се инфлуенсери, а всушност се сосема обични, нормални луѓе кои во реалниот живот не ги познава никој.

Работи што ги сакаат

Со цел да создадат лажна слика за себеси, луѓето најчесто се преправаат дека сакаат одредени работи кои се во тренд, како планинарење, природа, трчање, одредена храна или пијалаци. Ах, кога ќе заврши глумата за некои луѓе?

Колку животот им е прекрасен

Кај нив сè е „под конец“, сè е совршено, почнувајќи од уредувањето на домот, до автомобилот, облеката на себе, работата којашто ја имаат, до совршениот сопруг, двете дечиња, тонираното тело и совршено поставената маса за ручек … ама никој не е совршен, нели?

Колку животот им е ужасен

Овие се спротивноста на претходните луѓе. Постојано објавуваат трагични цитати, „црни“ мисли, споделуваат тешки моменти и се жалат како за нив не постои среќа. Тие се луѓето кои поеднакво патат за внимание.

Колку се хумани

Граѓанскиот активизам е особено популарен на социјалните медиуми. Некои од луѓето навистина имаат мисија да помогнат некому. Други пак сакаат само да се сликаат и да промовираат лажна хуманост.

Колку пари имаат

Доаѓаме до најголемата илузија на Инстаграм. Колку некој навистина е богат? На фотките се прикажува луксуз, од облеката, чантите, патувањата и пијалаците. Во реалноста повеќето веројатно се заглавени со кредити до гуша за сметка на овие илузорни, лажни фотки.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg