Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Работи што ги користиме речиси секојдневно, но некогаш биле луксуз

Ако добро размислите, денес ни се достапни толку многу работи, што не можеме ни да ги избориме. На пример, во продавница можеме да најдеме секаква храна, дури и од другиот крај на светот.

raboti-shto-gi-koristime-rechsi-sekojdnevno-no-nekogash-bile-luksuz-01.jpg

За работа или учење користиме компјутер и интернет, а голем дел од денот минуваме и пред смартфонот.

Но сте помислиле ли на фактот дека некогаш, овие нешта биле луксуз и луѓето можеле само да сонуваат за нив?

Погледнете кои работи што ги користиме речиси секојдневно некогаш биле луксуз:

Сол

Денес не можеме да си замислиме јадење без сол, а кога ја купуваме, не ја ни погледнуваме цената. Но, во минатото нештата биле поразлични.

Пред индустријализацијата, добивањето сол бил макотрпен процес, па нејзината вредност била огромна.

Знаевте ли дека солта била и валута во древен Рим, и тогашни војници наместо плата, добивале сол? Всушност, се верува дека англискиот збор за плата - salary - потекнува од латински зборови кои значат „давање/добивање сол“.

raboti-shto-gi-koristime-rechsi-sekojdnevno-no-nekogash-bile-luksuz-02.jpg

Бибер

За разлика од солта која може да се најде речиси насекаде, биберот е растение на кое не му годи секаква клима.

Растението виреело само во Индија, па земјите од западот го набавувале од таму. Сепак, поради огромното растојание, транспортот не бил воопшто евтин, па биберот си имал многу висока цена, а дури се сметал и за луксуз во средновековна Европа.

Со текот на времето биберот станал подостапен, неговиот транспорт поевтин, а со тоа се намалила и неговата цена.

raboti-shto-gi-koristime-rechsi-sekojdnevno-no-nekogash-bile-luksuz-03.jpg

Какао и чоколадо

Какаото се одгледувало во многу древни јужноамерикански култури, вклучувајќи ги и Ацтеките и Маите. За локалните жители, тоа било толку вредно, што тие го користеле како валута, го давале како награда на војниците кои се враќале од бојното поле и го служеле на кралските гозби.

Кога дошле шпанските инквизитори, и тие го откриле какаото, но дознале и дека можат да му го подобрат вкусот со шеќер и зачини. Но, Шпанците го криеле овој „рецепт“ од Европјаните. Со текот на времето, тајната се открила и благодарение на тоа, чоколадото ни е достапно на сите.

raboti-shto-gi-koristime-rechsi-sekojdnevno-no-nekogash-bile-luksuz-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
6 работи кои ве кочат во животот (и кои треба да ги промените) Екстремно сте самокритични и со своите отровни стрелички си ја разјадувате самод...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
9 работи од кои жените се згрозуваат кога ќе влезат во стан на некој маж Обвивки од искористени кондоми. Фрижидер преполн со алкохол, без воопшто храна в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg