Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


17 едноставни правила за живот без стрес - ќе ви бидат потребни

Домашните и работните обврски, сите проблеми што се појавуваат во текот на денот, па моментално и ситуацијата со пандемијата лесно можат да ја нарушат хармонијата во вашиот живот. Но, само ако вие им дозволите.

17-pravila-za-zhivot-bez-stres-01.jpg

Не можете да контролирате што ќе се случи денес или утре, но секогаш можете да изберете што ќе направите во врска со тоа. А, овој ваш избор може да има големо влијание врз вас.

Ако веќе сè ви е „преку глава“ и не знаете како да се ослободите од стресот, можеби треба да им дадете шанса на овие совети и правила:

1. Научете да бидете трпеливи, бидејќи за убавите нешта во животот потребно е време.

2. Немојте да очекувате ништо од другите. Никој не е одговорен за вас и вашата среќа, освен вие самите.

3. Размислете кои ситуации се надвор од ваша контрола – за нив, нема потреба да се грижите.

4. Почнете вистински да верувате во себе и во вашите способности. Вие можете да постигнете многу.

17-pravila-za-zhivot-bez-stres-02.jpg

5. Правете работи што ви причинуваат задоволство. Истражувајте ги вашите таленти, најдете некое хоби, покажете ја вашата креативност…

6. Кога се чувствувате лошо и изгубено, запишете ги сите ваши емоции. На овој начин ќе ви стане појасно зошто се чувствувате така и веднаш ќе знаете како да го решите проблемот.

7. Минувајте помалку време пред компјутер или на вашиот смартфон. Денес е предизвик да го направите ова, но може да направи огромна разлика.

8. Не заборавајте колку е важна вашата исхрана. Контролирајте што јадете во текот на денот и набрзо ќе ја забележите позитивната промена.

17-pravila-za-zhivot-bez-stres-03.jpg

9. Опкружете се со луѓе што ве прават среќни. Луѓе за кои знаете дека ви го мислат најдоброто.

10. Не се присилувајте да правите работи што не ви се допаѓаат. Нормално, постојат обврски што не можете да ги избегнете, но штом имате избор, не останувајте на место што не ви се допаѓа.

11. Минувајте повеќе време на отворено. Не го минувајте целиот ден во затворен простор. Дури и кратката прошетка во природа може да има позитивно влијание.

12. Престанете да трагате по совршенство, бидејќи не постои.

17-pravila-za-zhivot-bez-stres-04.jpg

13. Никогаш немојте да се споредувате со другите, ниту за изглед, ниту за успех. Споредувањето е најголемиот убиец на среќата.

14. Не се жртвувајте за другите. Помогнете им на оние на кои им е потребна вашата помош, но не заборавајте дека вие треба да бидете вашиот приоритет.

15. Бидете храбри. Нормално е да ве плашат некои ситуации, но храброста значи да направите нешто дури и кога навистина ви е страв.

16. Ослободете се од сè што не ви служи – облека, предмети, па дури и луѓе кои само прават да се чувствувате лошо.

17-pravila-za-zhivot-bez-stres-05.jpg

17. И, најважно од сè – сакајте се себеси. Бидејќи, како вие се гледате себеси, така ќе ве гледаат и другите.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Кога денот ќе тргне на лошо: Ситуации од кои секој би доживеал мини нервен слом (фото) „Излегов на минусни температури за да си го продадам таблетот на договорено мест...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg