Жени од целиот свет кои докажуваат дека не постои еден стандард за убавина
Жените од Непал
Иако наликуваат на Индијките, овие жени имаат малку посветла кожа и поразлична форма на очите. Стомачето на жените, пак, се смета за навистина привлечно.
Иако помладите генерации веќе ги игнорираат овие стандарди, постарите жени дури ставаат и неколку марами околу стомакот за да им изгледа поголем.
Жените од Боливија
Покрај насмевката, најмногу внимание кај овие жени привлекува и нивната шарена облека. Дури и во секојдневието, многу жени носат традиционална облека која ја сочинуваат шешир, слоевито здолниште и наметка. Облеката и накитот секогаш се со живи бои.
Истовремено, косата најчесто ја собираат во долга плетенка.
Жените од островот Јава
На овој остров најмногу се цени светлиот тен, па жените внимателно се кријат од сонцето и го избелуваат лицето. За да се скријат од сонцето, тие носат марами и ракавици дури и кога е најжешко.
Интересно е што пред свадбата, невестата има посебна рутина за чистење и обновување на кожата. Традиционално, рутината се прави 40 дена пред венчавката.
Жените од Тибет
Жените од Тибет се познати и по природната убавина, но и по одличното здравје. За нега на телото и косата тие користат само природни состојки, а редовно прават и масажи на лицето.
Од накит, најчесто носат украси од злато, сребро и камчиња.
Ескими
Обично овие жени се со понизок раст и имаат широки и впечатливи јаболчници. Нивната темна и многу густа коса им е главниот симбол за убавина.
Поради ниските температури, овие жени најчесто носат крзно.
Спирова С. | Црнобело / Извор