Жени од целиот свет кои докажуваат дека не постои еден стандард за убавина
Убавината дефинитивно е апстрактен концепт и во зависност каде се наоѓате, ќе налетате на различни стандарди за убавина.
Некои детали во изгледот што нам ни се чинат необични, се симбол за убавина на некое друго место.
Во продолжение можете да погледнете колку се разликуваат стандардите за убавина ширум светот:
Жените од племето Химба
Ова племе живее во Намибија, а според нивната традиција, фризурата, бојата на косата и накитот се од голема важност. Тамошните девојки ја прават препознатливата фризура со мешавина од кравјо млеко, глина, масла и ароматични тревки. Истата смеса ја користат и на телото, како заштита од сонцето.
Од накит, најчесто носат белегзии на нозете и рацете, и „чокери“ на вратот.
Жените од Махараштра, Индија
Убавината на Индијките никогаш не поминува незабележана. Најчесто тие ги исцртуваат очите со црн ајлајнер, а многу од нив имаат и пирс на носот. Овој пирс не е само декорација, туку претставува важен дел од индиската култура – кога девојката ќе стави пирс на носот, со тоа покажува дека е возрасна и има право на брак.
Жените од Уганда
Во Уганда, како во многу африкански држави, за најубави се сметаат жените со облини. Тамошните жени сакаат и гердани кои најчесто се направени од мониста од дрво и метал. Неретко, носат и големи обетки.
Жените од Бали
Овие жени и девојки се во одлична физичка форма и имаат неверојатни тела, најмногу бидејќи учат да танцуваат уште во детството.
Воглавно, овие жени се препознатливи по темната свиленкаста коса и неверојатната насмевка.
Жените од народот Масаи
Овој народ живее во Кенија и имаат навистина интересни стандарди за убавина.
На девојчињата неретко им прават дупчиња на ушите уште во детството и најчесто носат огромни обетки и впечатлив накит. Поради обетките, неретко нивните ушни ресички се прошируваат, а колку им е поголема дупката на ушите, за толку попривлечни се сметаат.
Овие жени имаат многу кратка коса, или целосно ја бричат главата.