Фатени на дело: Инфлуенсерки глумат дека имаат приватен авион – фотките се направени во изнајмено студио

Веќе е јасно дека на Инстаграм на големо се продаваат лаги, но кој би помислил дека инфлуенсерите изнајмуваат фото-студио опремено како приватен авион и глумат дека го поседуваат?

fateni-vo-laga-povekjeto-fotografii-na-influenserkite-vo-privatni-avioni-se-napraveni-vo-studio-01.jpg

Сите знаеме за бројните филтри, апликации и фотошопирањето, но многу инфлуенсери лажеле и кога споделуваат фотографии на кои навидум се во приватен авион.

fateni-vo-laga-povekjeto-fotografii-na-influenserkite-vo-privatni-avioni-se-napraveni-vo-studio-07.jpg

fateni-vo-laga-povekjeto-fotografii-na-influenserkite-vo-privatni-avioni-se-napraveni-vo-studio-06.jpg

Нивната тајна ја сподели една девојка, Мелиса, на Твитер, изјавувајќи:

„Само што дознав дека за нивните фотографии, Инстаграм девојките од Лос Анџелес користат фото-студио кое изгледа како приватен авион. Што и да гледате, може да биде лага. Опкружувањето, облеката, телото…“

https://twitter.com/maisonmeIissa/status/1309327983631507458

Другите твитерџии веднаш се фатиле за работа и го препознале студиото кај многу инфлуенсери кои имаат над 100.000 следбеници на Инстаграм. Други корисници, пак, го нашле и огласот за изнајмување на студиото.

„Приватниот авион“ се наоѓа во Лос Анџелес, а треба да платите само 64 долари за да го изнајмите за еден час. Доста поисплатливо отколку вистински да поседуваат приватен авион...

fateni-vo-laga-povekjeto-fotografii-na-influenserkite-vo-privatni-avioni-se-napraveni-vo-studio-02.jpg

fateni-vo-laga-povekjeto-fotografii-na-influenserkite-vo-privatni-avioni-se-napraveni-vo-studio-10.jpg

fateni-vo-laga-povekjeto-fotografii-na-influenserkite-vo-privatni-avioni-se-napraveni-vo-studio-08.jpg

Како што нагласуваат повеќето твитерџии што коментирале на објавата на Мелиса, не е проблем што инфлуенсерите користат студио, проблемот е што лажат дека се во приватен авион и дека ќе одат да патуваат.

Една корисничка споделила дека некои инфлуенсери дури и купуваат празни кеси од познати брендови, само за да се фотографираат со нив, обидувајќи се да ги убедат следбениците дека биле во шопинг.

Друга девојка, пак, забележала дека после разоткривањето, многу девојки фотографирани во студиото го промениле описот на нивните фотографии - дополниле дека станува збор за фотосесија, а не вистински авион. Но, ги има и оние кои уште тврдат дека навистина биле во авион.

Изгледа ова е само уште еден доказ дека буквално сè што гледаме на Инстаграм е само лага.

fateni-vo-laga-povekjeto-fotografii-na-influenserkite-vo-privatni-avioni-se-napraveni-vo-studio-11.jpg

fateni-vo-laga-povekjeto-fotografii-na-influenserkite-vo-privatni-avioni-se-napraveni-vo-studio-12.jpg

fateni-vo-laga-povekjeto-fotografii-na-influenserkite-vo-privatni-avioni-se-napraveni-vo-studio-04.jpg

fateni-vo-laga-povekjeto-fotografii-na-influenserkite-vo-privatni-avioni-se-napraveni-vo-studio-05.jpg

fateni-vo-laga-povekjeto-fotografii-na-influenserkite-vo-privatni-avioni-se-napraveni-vo-studio-09.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
13 иритантни работи со кои мажите ги вадат од такт своите сопруги „Маж ми си ги чува носените чорапи, расфрлени среде дневна и спална соба, не му ...
10 фото-докази дека некои луѓе земаат плата залудно (и ужасно си ја вршат работата) Ако мислите дека вие сте имале лоша фризура, или дека вашиот мајстор направил не...
Фото-докази дека некои луѓе имаат неверојатна среќа во животот „Мајка ми си ја најде изгубената мачка после 1 година“. „Потсетување секога...
10 фотографии од секојдневниот живот кои ќе ви го стопат срцето „Мојата прабаба, која има 103 години, се смее додека во раце ја држи ќерка ми“, ...
Кога денот ќе тргне на лошо: Ситуации од кои секој би доживеал мини нервен слом (фото) „Излегов на минусни температури за да си го продадам таблетот на договорено мест...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg