Гради и колкови - најпривлечни
Секое машко се нашло барем еднаш во ситуација да не може да го оттргне погледот од некоја девојка (колку и да било непристојно). Но, од кој...
...дел на девојката? Не помисливте на главата?!
Мажите сепак не еволуирале до тој степен за да имаат таква перцепција на светот околу себе.
Истражувањата потврдиле дека мажите на привлечна жена својот поглед прво го насочуваат на градите, струкот и коковите. Секако, погледот оди и на лицето, но не се задржува така долго.
Во што е тајната на фасцинантноста на градите и колковите?
Научниците сметаат дека мажите, гледајќи во жената потсвесно ја проценуваат колку таа би можела да биде плодна. Претпоставувате дека во нивната глава има ваква пресметка: широки колкови + тесен струк = плодна жена.
Интересен е фактот дека и жените меѓусебно ги меркаат овие подрачја. Наводно тие се споредуваат затоа што по природа еволуциски се предодредени да привлекуваат мажи за да дојде до оплодување. Иако на прв поглед делува примитивно, всушност се работи за вроден нагон и потсвесна активност.
Заклучокот се наметнува само по себе. Следниот пат кога безобразно ќе зјапате во гради и колкови, вината можете да ја наметнете на еволуцијата.