Женска чанта - жива „болест“
Женските чанти се или премали што во нив ништо не собира или преголеми па во нив не можете да го најдете она што го барате без да ги прекопате.
Жените наводно 76 дена во животот поминуваат пребарувајќи низ чантата.
Интензивната потрага за новчаникот, клучевите, телефонот и тоа како може да биде стресна. Жените кои редовно пребаруваат низ чантите непотребно се изложуваат на ризик.
Сериозна закана е и носењето на преголеми и тешки чанти на рамо. Едната половина од телото е пооптеретена од другата, а последиците се болки во мускулите, неправилно држење и искривена кичма.
Во чантите најчесто се сместени и оние кои ги предизвикуваат болестите. Тие се плодна површина за бактерии кои се собираат околу шминките и остатоците од храна.
Жените при купувањето на нова чанта треба да обрнат внимание на додатните џебови во внатрешноста на чантите во кои би можеле да ги чуваат најпотребните предмети како што се клучевите, парите и телефонот.
Тежината на чантата не смее да надминува 10% од телесната тежина, а ако ова е неизбежно, да ја носат на двете рамена.
Како и личната хигиена, важна е и хигиената на чантата – искористените шамивчиња веднаш фрлајте ги во канта за отпадоци, а чантата редовно средувајте ја и тресете ја.