Венеција и уште 8 популарни туристички дестинации кои наскоро (може) ќе исчезнат
Таџ Махал
Најголемиот симбол на љубовта е постојано изложен на штетното влијание од надворешни фактори, но уште поголема закана е потенцијалното затворање на атракцијата.
Имено, во 2018 година, Врховниот суд во Индија се заканил дека ќе ја затвори атракцијата, па дури и дека ќе го руши зданието, ако не се преземе нешто за да се подобри состојбата на градбата.
Мачу Пикчу
Неверојатниот град на Инките е една од најпознатите атракции во Јужна Америка, но можеби токму оваа популарност ќе води до неговата пропаст.
Градот го посетуваат премногу туристи кои го загадуваат местото и не се грижат за урнатините.
Мачу Пикчу беше додаден на листата на загрозени места на УНЕСКО, а од организацијата апелираа до властите во Перу да се погрижат за безбедноста на објектот.
Врвот на Килиманџаро
Иако самата планина лоцирана во Танзанија не е во опасност, најверојатно, наскоро нема да го гледаме препознатливиот снежен врв.
Според истражувањата, снежниот врв веќе изгубил 85% од мразот во периодот од 1912 до 2007 година, а преостанатиот мраз најверојатно ќе се стопи до 2030-та.
Алпите
Ни овие планини не се имуни на глобалното затоплување. Глечерите на планините се топат толку брзо, што се очекува да исчезнат до 2050-та.
Истовремено, експертите откриле дека Монблан веќе се намалила за над 45 сантиметри во последните неколку години.
Венеција
Експертите веруваат дека наскоро, од Венеција ќе останат само каналите.
Сигурно досега сте слушнале дека градот постепено тоне, а со зголемувањето на нивото на морето и сè почестите поплави, Венеција е во поголема опасност од кога било.
Истовремено, камењата и дрвените структури во градот се сè поистрошени, а ова може да има негативен ефект.
Спирова С. | Црнобело