Венеција и уште 8 популарни туристички дестинации кои наскоро (може) ќе исчезнат
Најмногу поради несовесноста на луѓето, за 2-3 децении можеме да изгубиме некои од најзначајните дестинации и атракции во светот, како Венеција.
Глобалното затоплување, загадувањето, преголемиот број туристи - сето ова се фактори кои имаат лошо влијание врз многу дестинации ширум светот.
Некои атракции биле спасени, но повеќето уште се наоѓаат на листата на загрозени места на УНЕСКО и ако не преземеме нешто, кога-тогаш ќе ги изгубиме засекогаш.
Погледнете кои се загрозените популарни дестинации, што најверојатно ќе исчезнат:
Стариот град во Ерусалим
На едно од најзначајните духовни места во светот, Стариот град во Ерусалим, му се заканува исчезнување.
Ѕидините на стариот град во Ерусалим се една од неговите најпрепознатливи знаменитости, а Западниот ѕид претставува важно место за аџилак за евреите уште од 20-тата година п.н.е.
За жал, градот се наоѓа на листата на загрозени културни наследства на УНЕСКО уште од 1980-тите – се покажало дека забрзаната урбанизација претставува сериозна закана за него.
Националниот парк Everglades
Прекрасниот национален парк во Флорида исто така е загрозен, повторно поради луѓето.
Всушност, многу научници веруваат дека ова е можеби најзагрозениот еколошки регион во Америка, и тоа поради ослободување на простор за агрикултура, загадување и намален доток на вода.
Големиот корален гребен во Австралија
Досега сигурно сте слушнале дека постепено го губиме огромниот корален гребен во Австралија. Најголемиот виновник за ова се климатските промени кои ги убиваат коралите.
Истовремено, гребенот е дом на многу водни суштества кои постепено остануваат без нивниот главен извор на храна.
Се претпоставува дека ако не преземеме нешто, во наредните 10 години штетата на гребенот ќе стане непоправлива.
Националниот парк Glacier
Националниот парк во Монтана денес има само околу 25 глечери. За споредба, во минатото имаше речиси 150.
Експертите се убедени дека ова се последните генерации што ќе имаат можност да уживаат во паркот и дека преостанатите глечери ќе исчезнат до 2030-та.
И овојпат виновни се климатските промени кои го топат мразот.