Штикли - женско богатство
Тие не се направени само за одење – рекол за чевлите еден од најпознатите дизајнери Кристијан Лубутин, чии црвени потпетици се едни од...
...најпосакуваните кај сите жени на светот. Уште неколку интересни мисли од големиот дизајнер за „најголемото богатство за голем број жени“ – чевлите.
1. Правам чевли за жени кои одат на ручек, но на еден злобен ручек каде зборуваат само за мажи.
2. Не произведувам апчиња кои треба да ги излечат луѓето, туку чевли и затоа мислам дека целиот процес на создавање треба да биде разигран и весел.
3. Ако постои нешто кое го презирам тоа е кога чевлите се премногу меки и сами се обликуваат според стапалата. Тоа е навистина ужасно. А не сакам ниту долги чевли чии врвови немаат крај. Тие изгледаат како да ги носел Аладин.
4. Блескавите црвени потпетици немаат апсолутно никаква функција освен да им укажат на луѓето дека јас сум ги дизајнирал. Ја одбрав оваа боја затоа што е впечатлива и привлекува на прв поглед.
5. Мојата цел не е да ги задоволувам жените, туку мажите.
6. Го мразам целиот концепт на кломпи. Грди, лажни и крајно неудобни.
7. А го мразам и концептот на удобност, тоа е еден од најгрдите зборови кои постојат. Тоа е како кога паровите велат: Веќе не сме вљубени, но нам ни е удобно и убаво заедно.
8. Чевлите се како рентгенски зрак за социјалниот углед.
9. Кога жена купува чевли никогаш не гледа во самите чевли. Застанува и се гледа во огледало – градите, задникот, нозете. Ако и се допаѓа како изгледа – тогаш ги купува чевлите.