За или против? Инфлуенсерка промовира дека е во ред да ви „виси“ стомачето од фармерките
Од целулитот на нозете до масните наслаги на стомакот и откопчувањето на копчето од фармерките кога седи, Емили ја прикажува реалноста и порачува да се сакате такви какви што сте.
Емили Кларксон е инфлуенсерка која промовира позитивност кон своето тело и на девојките им порачува дека треба да се сакаат такви какви што се.
Таа смета дека треба да ја носите облеката што ви се допаѓа, дури и тогаш кога не ви прилега совршено како што сакате. Се согласувате ли со неа?
Емили постојано прикачува фотографии на Инстаграм каде прикажува реални ситуации како стомачето ѝ „виси“ од фармерките, како си откопчува копче од нив и како ѝ доаѓа до израз целулитот кога ќе ја притисне ногата.
Фотографии од искрената Емили: