Онаа која носи надеж, убава, мирна, достоинствена – Значењето на името Оливера

Оливера е женската форма од името Оливер. Постојат неколку теории околу потеклото на името.

Znacenjeto-na-imeto-Olivera-01.jpg

Едната е дека Оливера е име со скандинавско потекло. Доколку се прашувате кога Оливера слави именден, одговорот е на 29 јули (по стар стил), т.е. 11 август (по нов стил) кога се празнува Свети Олаф, кралот на Норвешка (1030).

Другата теорија, согласно оригиналната форма од која потекнува – Оливер, името симболизира маслиново дрво, што во поширока смисла се интерпретира како понуда за мир, слобода, хармонија, односно претставува библиски симбол на плодност, убавина, мир и достоинство. Според оваа теорија, Оливера е име со латинско потекло, од зборовите olivarius; olivarus.

Се споменуваат и некои претпоставки дека името Оливера може да има потекло и од англискиот јазик (зборот за маслинка е olive), како и да „влече“ потекло од шпанското говорно подрачје (зборот за маслинка е olivera).

Според хипотезите за потеклото на името, Оливера во преносна смисла означува „онаа којашто носи надеж“, „онаа што се симбол на мир и надеж“, „носи среќа“, „надеж“, „верба“.

Со името Оливера потсвесно се поврзуваат претпоставките дека е онаа која ќе има мирен и убав живот, личност која секогаш се надева на најдоброто, некоја којашто е мудра, предодредена за голем успех, ќе има добро здравје, благосостојба и мир во животот.

Означете ја вашата омилена Оливера во коментар ѝ посакајте и убав викенд.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Никола, Снежана и уште 6 најпопуларни имиња за момчиња и девојчиња родени во декември Ако треба да станете родители во декември, а сè уште размислувате кое име да му ...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Десет имиња за бебиња со библиска симболика Душан - Потекнува од зборот „душа“, а луѓето кои го носат ова име слават именден...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
Бизарни јадења од ретро книги со рецепти (фото) Банани со сланина и кашкавал, пица во форма на лице која изгледа страшно… Сте ви...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg