Советот од фризерот му го променил животот – од несреќен и несигурен до згоден милионер
Гвајлим Паг (36) е Британец, кој работел нормална канцелариска работа, со просечен живот и изглед.
Како што сам се опишува, бил повлечен, незадоволен со својот изглед, со прекумерна килажа, несреќен и несигурен.
Тој смета дека неговиот фризер е главен „виновник“ за промената во неговиот живот. Тој му предложил да пушти брада. Го послушал, и така започнува неговата промена. Почнал да вежба и ја променил исхраната и за неколку години доживеал вистинска трансформација.
Тој во моментов има успешна кариера како модел и претприемач.
По телесната трансформација, конечно почувствувал дека може да ја трансформира и кариерата. Поседува осигурителна компанија, работи како модел за брендови од типот на Diesel, Esprit, Peek & Cloppenburg и има основано свој бенд The Magic Rooster Brothers.
Секогаш раскажува дека главната промена во животот му започнала откако пуштил брада и изгубил 40 килограми.
Е. П. | Црнобело