7 одлики по кои ќе ги препознаете луѓето со ниска самодоверба

Ниската самодоверба не само што не ви дозволува да уживате во животот, туку може да има и лошо влијание врз менталното здравје.

7-odliki-na-lugjeto-so-niska-samodoverba-01.jpg

За жал, ова е проблем со кој се соочуваат многумина, а некои од нив не се ни свесни за тоа.

Затоа, погледнете кои карактеристики покажуваат дека имате ниска самодоверба, за која треба да преземете нешто:

Не прифаќате комплименти

Добро е да бидете скромни, но и во овој случај мора да бидете умерени.

Дали сте забележале дека не можете да прифатите туѓ комплимент, дури и кога знаете дека е искрен? Виновникот за ова е вашата ниска самодоверба.

7-odliki-na-lugjeto-so-niska-samodoverba-02.jpg

Мислите дека сте само уште една обична личност

Луѓето кои имаат ниска самодоверба никогаш не ја ценат својата вредност. Ова, пак, може да предизвика многу проблеми, како испуштање многу добри можности, само затоа што сметаат дека не се доволно добри.

7-odliki-na-lugjeto-so-niska-samodoverba-03.jpg

Мислите дека другите ги гледаат само вашите недостатоци

Луѓето со ниска самодоверба се премногу свесни за нивните недостатоци, па мислат дека ги забележуваат и другите. Истовремено, тие се убедени дека сите им судат и им се потсмеваат.

7-odliki-na-lugjeto-so-niska-samodoverba-04.jpg

Секогаш го прифаќате туѓото мислење

Поради ниската самодоверба, овие луѓе сметаат дека нивното мислење не е доволно добро, па секогаш го прифаќаат туѓото, без разлика дали им се допаѓа.

7-odliki-na-lugjeto-so-niska-samodoverba-05.jpg

Никогаш не се разгалувате

Ако имате ниска самодоверба, веројатно речиси никогаш не правите нешто од задоволство. Дури и ако навистина сакате нешто, ќе најдете изговор зошто не го заслужувате.

7-odliki-na-lugjeto-so-niska-samodoverba-06.jpg

Се споредувате со сите и мислите дека се подобри од вас

Не залудно велат дека споредувањето е најголемиот убиец на среќата. Проблемот е што кога луѓето со ниска самодоверба се споредуваат со некого, тие ги споредуваат нивните најлоши особини, со најдобрите особини на другата личност. Ова, се разбира, не е воопшто реална слика.

7-odliki-na-lugjeto-so-niska-samodoverba-07.jpg

Никогаш не пробувате нешто ново

Луѓето со ниска самодоверба имаат нерационален страв од неуспех, па поради тоа не пробуваат ништо ново. За нив, неуспехот е најлошото нешто што може да им се случи и уште толку им ја разнишува самодовербата.

7-odliki-na-lugjeto-so-niska-samodoverba-08.jpg

Ако сметате дека спаѓате овде, обидете се да ја откриете вистинската причина за вашата ниска самодоверба. Ако ниската самодоверба има преголемо влијание врз вашиот живот и не можете никако да ја контролирате, можеби ќе ви помогне разговор со професионалец.

Не заборавајте дека вие сте способни за многу нешта и речиси секој сомнеж што го имате за себе е само во вашата глава.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
Зошто никогаш не треба да ја ставате облеката во хотелските плакари и фиоки? Ако сте од оние луѓе кои се подготвени за пакување на куферите во кое било време...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg