Патуваат низ светот и се сликаат голи – пар од Белгија промовира нудизам (фото)
За нив животот е подобар без облека и се обидуваат да ги натераат и другите млади да пробаат да живеат „како од мајка родени“.
Нудизмот е нешто што за многумина е неприфатливо е несфатливо, но овој пар се труди да покаже како изгледа животот кога сте облечени само во „оделото од раѓање“.
Ник и Линс се пар од Белгија во 30-ите години од животот, отсекогаш редовно посетувале велнес центри, а за првпат пробале нудизам во камп во Луксембург.
Иако некогаш се наоѓале во непријатни ситуации, со тек на време се навикнале и научиле да не обрнуваат внимание, а истражувале многу на оваа тема, па сега со години патуваат низ светот и уживаат во местата каде може да се соблечат целосно голи.
Тие не сакале младите да гледаат на ова како табу тема, па со цел да покажат колку е подобар животот без облека, редовно објавуваат фотки од нивните патувачки искуства, секако голи.
Како изгледа животот на овие млади нудисти?