Мали нешта во кои уживаме
Постојат некои ситници кои со само малку вложен труд може да ни донесат големо и слатко задоволство. Некогаш само треба да се потсетите на нив.
Ова се неколку:
1. Ако полека јадете еден ред чоколадо, отколку цело на брзина, задоволството ќе биде многу поголемо. Чоколадото задржете го во устата и уживајте во вкусот место во количината.
2. Доаѓањето во уреден дом е неописливо чувство. Ако си одите дома и ве чека средена куќа – што сте ја средиле минатата вечер, одма ќе ви олесни.
3. И кога не ви се разговара со никого – јавете се кај пријател/ка со кој/а не сте се чуле одамна.
4. Направете нешто за некого. Згответе нешто за партнерот/партнерката, масажа, подарок за родителите... и вие ќе се чувствувате одлично.
5. Кога кучето ќе ве поздрави кога ќе си дојдете дома и ќе ви се израдува повеќе од сите – момент кој не се купува со пари.
6. Омилената музика во автомобилот ја олеснува секоја гужва. Одвојте време и направете си своја компилација.
7. Залезот на сонце со чаша кафе или вино со саканите – незаборавна вечер.
8. Подредете ја полицата со книгите и прочитајте ја омилената книга од детството.
9. Засадете цвеќе во саксија или во двор. Ќе му се радувате секогаш кога ќе пушти ливче или цветче.
10. Прегледајте ги старите албуми со слики. Носталгијата понекогаш знае да изнуди воздишки и да го затопли срцето.