Исповед на Инстаграм модел: „Тоа што се сликам гола не значи дека работата е лесна“
„Животот и работата ми се многу тешки, не работам по 1 час како што многумина мислат, а тоа што се сликам разголено не е причина за грозни коментари од мажите“ – открива млада инфлуенсерка.
Џени Мосиенко работи како Инстаграм модел 10 години, а објаснува дека нејзината работа не е воопшто лесна и за потценување како што многумина си дозволуваат да осудат кога ќе ги видат нејзините разголени и фотки со акцент на задникот.
Таа смета дека луѓето треба да имаат поголема почит за оваа индустрија, бидејќи работата си има свои предности, но и недостатоци, како и многу обврски во текот на денот со цел да се задржи и зголеми бројот на следбеници.
Во интервју за Mirror таа открива:
„Не, не одам на модни писти и не позирам за магазини, но внимателно ја бирам мојата содржина, планирам однапред, работам со брендови кои ги поддржувам, се поврзувам со мојата публика, одам на интернационални патувања, работам со други инфлуенсери и имам потполна контрола над мојата кариера.
Ние не сме традиционални модели, но светот се трансформираше и Инстаграм моделите уживаат во подеднакво комплексни кариери, што не е лесно.
Деновите постојано ми се менуваат. Посветена сум на фитнесот, па кога станувам, појадувам па вежбам.
Ако сум дома, правам неколку фотки, креирам содржина, воспоставувам контакт со следбениците и работам на проекти.
Сакам да поминувам време и со семејството и пријателите, важно е да се направи баланс.“
Сепак, и покрај тоа што се труди да заработи и да живее пристојно со својата кариера, таа не ја добива потребната почит и низ годините се соочила со многу лоши коментари од странци.
„Луѓето мислат дека бидејќи се отвораме себеси пред светот онлајн, нам не ни пречат критиките и исмејувањето – тоа не е вистина, и ние сме само луѓе. Многу често тие коментари се од мажи, кои оставаат сексистички пораки и мислат дека тоа е оправдано само затоа што носам бикини на фотките.
Ова сакам да го променам и се обидувам да не ми влијае. Тешко е, но мојата позитивност ги надминува негативните коментари. Луѓето мислат дека Инстаграм моделите се глупави, но јас сум всушност бизнис жена.
Сите блиски ме поддржуваат и знаат колку ова ме прави среќна што заработувам вака без да наштетам никому. Некои мислат дека работам по 1 час на ден, сликам неколку фотки и готово – но тоа не е вистина.
Инстаграм модел е работа со полно работно време. Снимањето трае долго, планирањето одзема време, соработките бараат оганизација.“