20 работи кои ги пропуштате додека „зјапате“ во телефонот
Колку време од денот поминувате на вашиот телефон? Колку пати немате забележано колку време поминало додека скролате по Инстаграм фидот?
Колку пати се фаќате себе си дека не слушате што ви зборува партнерот, пријателите, колегите затоа што сте задлабочени во екранот?
Во меѓувреме, факт е дека пропуштаме работи за кои не сме свесни во моментот:
1. Зајдисонцето.
2. Полната месечина.
3. Автомобилите кои поминуваат покрај вас.
4. Новите цвеќиња кои ги посадиле соседите.
5. Крајот на ескалаторот.
6. Моментот кога фризерот ви ја промашува фризурата.
7. Фрлена банкнота од 500 денари на тротоарот.
8. Насмевката на случајните минувачи.
9. Бабичката на која ѝ е потребна помош.
10. Сосетката која готви речиси гола по престилка.
11. Расцветаните дрвја во пролет.
12. Снегулките и снегот.
13. Одразот во огледалото.
14. Прегратката од вашето дете.
15. Вниманието кое му е потребно на детето кое сака да си игра со вас.
16. Највозбудливата сцена од серијата.
17. Крајот на филмот.
18. Станицата каде што требаше да се симнете.
19. Возбудливите новости на пријателите.
20. Природата околу вас додека патувате.
Е. П. | Црнобело