7 чудни работи кои луѓето многу повеќе ги купуваат за време на пандемија

Бидејќи за првпат во животот неколку месеци бевме затворени дома, слободно можеме да кажеме дека ни текнуваа чудни работи.

7-cudni-raboti-koi-lugjeto-mnogu-povekje-gi-kupuvaat-za-vreme-na-pandemija.jpg

Па, сосема очекувано, трендовите во потрошувачката во текот на пандемијата во светот беа прилично неочекувани.

Благодарение на комбинацијата на досада и страв, ова се 7-те чудни работи кај кои е забележан раст во потрошувачката низ светот:

1. Ролерки

Поради полицискиот час и рестрикциите во движење, луѓето измислуваа нови начини и изговори како да излезат од дома. Возењето ролерки бил еден од почестите.

2. Електрични тротинети

Ова до некаде е и паметна, еколошка алтернатива на гужвите во градскиот превоз, кои периодов сите сакаме да ги избегнеме.

3. Огнено оружје

Загрижувачки податок кој експертите го поврзуваат со чувството дека работите ни се под контрола кога сме вооружани. Само нема логика бидејќи во овој случај непријателот е невидлив.

4. Квасец

Во обид да го избегнат секојдневното пазарење, луѓето многу повеќе купувале квасец во огромни количини и сами го замесувале лебот.

5. Биде

Веројатно „победникот“ на листава. Поради недостатокот на тоалетна хартија од почетокот на пандемијата, луѓето решиле да си додадат биде во тоалетите.

7-cudni-raboti-koi-lugjeto-mnogu-povekje-gi-kupuvaat-za-vreme-na-pandemija-2.jpg

6. Дуксери

Google ѕабележа пораст од 80% при продажбата на дуксери, со оглед на тоа дека сите биравме опуштена облека за по дома.

7. Мирисливи свеќи

Ако до лани ви немаа поента, бидејќи не се вртевте дома, оваа година големи се шансите да си купивте барем една мирислива свеќа за опуштање.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg