Ангел, божји гласник, милостива – значењето на името Ангела
Оригиналната форма на името е: Ἄγγελος. Името Ангела има грчко потекло.
Значење на името: според небесните битија – ангелите. Зборот ἄγγελος значи гласник, пратеник, оној кој пренесува порака, духовно суштество со крилја на грбот слично на човекот, кое според верските убедувања му служи на Бога и им помага на луѓето.
Во некои краишта има обичај за именден да се зема празникот Благовештение, кога архангелот Гаврил ѝ го објавил на Пресвета Богородица раѓањето на спасителот на светот.
Кога луѓето ќе го слушнат името Ангела потсвесно го поврзуваат со епитетите модерна, внимателна, сериозна, но и весела и пријателски настроена. Несомнено станува збор за силно име, па најчесто и личностите кои го носат се силни, со јасно изразена волја и бистар ум.
Означете ја вашата омилена Ангела во коментар.
(О)Милена | Црнобело