Најдобрите шведски ритуали: Што прават Швеѓаните во четврток?
Децата кои растат во традиционално семејство во Шведска, секој четврток однапред знаат што ги чека за ручек.
Палачинки и супа од грашок (ärtsoppa och pannkakor) се задолжителни на трпезата. Супата честопати ја зачинуваат со мајчина душица или сенф.
Со палачинките, комбинираат џем од брусница или било каков друг џем.
Како овој оброк станал традиција во четврток постојат повеќе теории.
Едната е дека уште во време на Втората светска војна, готвачките имале слободно попладне во четврток, па затоа можеле да подготват супа од грашок набрзина.
И во рестораните, овој оброк е на менито секој четврток. Дополнително, може да ви понудат и месо.
Нешто како гравче секој петок кај нас, нели?
Е. П. | Црнобело