7 важни работи за кои е добро да не зборувате секому
Проблемите во вашата љубовна врска – вие брзо ќе ги заборавите вашите мали интимни кавги, но другите ќе ги помнат долго.
Убаво е да споделите што ви лежи на душата, но понекогаш навистина нема потреба секому да раскажувате сѐ.
Работи за кои не треба да говорите секому:
- Вашите цели и соништа – кога ќе кажете на другите тогаш растат очекувањата, а и притисокот од неуспех.
- Проблемите во вашата љубовна врска – вие брзо ќе ги заборавите вашите мали интимни кавги, но другите ќе ги помнат долго.
- Вашиот финансиски статус – колку заработувате, колку сте заштедиле е само ваша работа и во овој себичен свет не мора да ви ја знаат состојбата сите.
- Хуманите дела – вие правите добри дела затоа што така сакате, а не за да добиете пофалба од некој.
- Вашите најголеми стравови и слабости – не секој сака да ви помогне, внимавајте кому верувате.
- Срамни вистини за други луѓе – не бидете личност што озборува и загорчува туѓи животи.
- Вашите семејни тајни – навистина нема потреба сите да знаат што ви се случува зад затворени врати, може да добијат погрешна слика за вашето семејство.
С. С. | Црнобело