Како да откриете лажговци?

trikovi-za-otkrivanje-lazgovci-povekjeСите ние барем еднаш во животот сме излажале. Лажењето е начин на кој сакаме да избегнеме одредена санкција, било да станува збор за работата...

...или пак партнерот, семејството и пријателите. Но, со говорот на телото и однесувањето многу лесно може да се открие кога некој лаже.

Дознајте ги триковите кои ќе ви откријат кога некој лаже:

trikovi-za-otkrivanje-lazgovci

Говорот на телото. Говорот на телото е најчест показател на лагата. Личноста која кажува невистина избегнува контакт со очите и често при разговорот погледот го врти на страна. Многу чест говор на телото се и скрстените раце што симболизира одбрамбен став. Истото важи и за нервозното триење на дланките и движење низ просторијата.

    Недоследност на приказната. Колку и да е добро испланирана лагата, таа секогаш е „шуплива“. Најчести грешки има во деталите при прераскажувањето, како на пример времето кога нештото се случило. Со бројни прашања за местото и времето и слични детали многу лесно можете да утврдите дали соговорникот ве лаже или не.

      Нервоза. Нервозата е еден од првите знаци на лагата. Лажењето е стресно, а ако ја познавате личноста која што ве лаже, многу лесно можете да ги препознаете првите знаци на непријатност како што се потење, проширени зеници, промена на тоналитетот, или брзината на зборувањето.

        Дефанзивно однесување. Лажговците често користат напад како одбрана. Започнувањето на караница и барањето на виновник е најчеста реакција, особено ако почнете со подпрашања, а личноста која нешто крие не ги знае одговорите.

          Интуиција. Интуицијата често пати се занемарува, но ако почувствувате дека личноста со која разговарате звучи и изгледа чудно, немојте да ја занемарите способноста на своето запазување, туку обидете се да дознаете зошто ве мачи такво чудно чувство.

          Би можело да ве интересира:

          8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...
          5 психолошки трикови што треба да ги знаете (и ќе ви го олеснат животот) Дали знаевте дека кога се ракувате, личноста што ја држи раката одгоре секогаш с...
          Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
          Работи кои може да ги најдете на попуст и е корисно да ги купите при крајот од летото Имате деца? Па, купувањето лулашка, лизгалка, трамбулина или други игр...
          Мајките гневни на ZARA заради маичка за деца: „Ова е морничаво, злобно и непристојно“ „Одлична ужинка – гризни ја“ стои на натписите на маичките за деца што шпанскиот...
          Имаш 7 години и се стемнува, другарите те викаат да си играте… Се сеќавате ли на безгрижните и топли лета во детството, кога едвај чекавме да з...

          Најчитани неделава

          sonovnik-sidebar.jpg