Како изгледа човекот кој сам си се прогласи за најстилски маж во Африка? (фото)
Се облекува од глава до пети во иста боја, па дури и маската на лице му е во тон, а чевлите се приказна сама за себе – ја заслужува ли Џејмс титулата која си ја дал сам за себе?
Џејмс Маина Муанги од Кенија е човекот кој веројатно поседува најголем број одела во сите силни бои и секојдневно е облечен во модни комбинации со иста боја.
Од шапка и очила за сонце до кравата, маска за лице и телефон - сите парчиња облека и додатоци се во иста боја за неговата комбинација да биде складна.
Во 2018-та има изјавено дека поседува преку 160 одела, 300 шапки и 200 пара чевли, а благодарение на усогласувањето на сите парчиња според боја, тој секогаш е препознатлив и впечатлив на улица.
Тој е толку самоуверен што се смета себеси за најстилски маж во Африка, па дури и во целиот свет.
Се согласувате ли со него?
М. М. | Црнобело