Хаотичен стан со базен среде него – Мислите ли дека вреди за 1.5 милион долари?
Го огласуваат како уникатен и луксузен, а всушност во него владее хаотична енергија, висат кабли насекаде и има базен среде соба – би дале ли 1.5 милион долари за овој стан иако е во Лондон?
Стан во Лондон се продава за 1.5 милиони долари, а сопствениците го опишале како уникатен, со две луксузни спални соби и приватен базен... но, базенот е всушност ставен среде соба, а спалните се со единечни кревети.
Станот има многу чуден изглед и распоред, насекаде висат кабли, опремен е со различен стил на мебел и со комбинации на бои кои една со друга не се усогласуват.
Она што на луѓето кои го виделе огласот им оставило чуден впечаток е тоа што спалните имаат единечни кревети, а кујната има три фрижидери.
Збунети се и од просторот за одмор каде има фотелји, а наместо маса, во средината има стакло со поглед кон базенот на долниот кат.
Базенот нема никаква смисла и е поставен сосема неплански во просторијата, а целиот стан е несреден и со хаотична енергија.
Би живееле ли во ваков стан?
Очигледно е дека Балканците имаат подобри идеи за базен од Англичаните.
Потсетете се на - Само Балканци се способни за ваков изум: Маж си го претворил камионот во базен (фото)
М. М. | Црнобело