Свеќи - романтична декорација
Девојките имаат посебен мерак за декорација со свеќи низ домот. И има зошто, тие се фантастични од многу причини. Ова се само неколку од нив:
1. Создаваат атмосфера. Можете да запалите свеќи во дневната, бањата, детската соба и да уживате во пријатните моменти и сеќавања со најблиските.
2. Можат да создадат мирисна оаза. Одберете мирис кој вие го сакате и создадете свое катче со миризливи свеќи.
3. На благ начин ја осветлуваат темнината. Даваат романтична нишка на вечерта, во комбинација со тивка музика – и доволно е само да уживате во моментот.
4. Како декорација. И изгаснати, свеќите денес ги има во разни бои и форми така што се одлична декорација на ентериерот.
5. Ароматерапија. Миризливите свеќи може да помогнат за релаксирање на умот. Ја подобруваат концентрацијата и го намалуваат стресот.