На што најмногу обрнуваат внимание цариниците на аеродром кога го проверуваат багажот?

Фризури, украси за коса, накит

Ако сте летале со авион, знаете дека треба да ги извадите сите метални предмети пред да поминете под детекторот. Затоа, цариниците обрнуваат внимание на вашиот накит, но и на украсите за коса.

Ако, на пример, имате комплицирана фризура, веројатно ќе ве натераат да извадите сè од косата, за да се осигурат дека нема да шверцувате ништо.

na-shto-najmnogu-obrnuvaat-vnimanie-carinicite-na-aerodrom-za-vreme-na-proverka-na-bagazhot-07.jpg

Карго панталони, фустани, здолништа

Ова е веќе очигледно – под оваа облека лесно можете да скриете секакви работи, па цариниците обрнуваат внимание на неа.

na-shto-najmnogu-obrnuvaat-vnimanie-carinicite-na-aerodrom-za-vreme-na-proverka-na-bagazhot-08.jpg

Доцнење и брзање

Понекогаш, доцнењето е трик што го користат луѓето кои сакаат да шверцуваат нешто – бидејќи се во брзање, се надеваат дека цариниците нема темелно да ги проверат.

na-shto-najmnogu-obrnuvaat-vnimanie-carinicite-na-aerodrom-za-vreme-na-proverka-na-bagazhot-09.jpg

Како одговарате едноставни прашања

Цариниците не ве прашуваат каде одите и зошто бидејќи се љубопитни, туку ги интересира како ќе одговорите.

Неретко, луѓето кои кријат нешто стануваат нервозни и на најобичните прашања, а ова им дава сигнал на цариниците да внимаваат на нив.

na-shto-najmnogu-obrnuvaat-vnimanie-carinicite-na-aerodrom-za-vreme-na-proverka-na-bagazhot-10.jpg

Што имате во куферот

Ова веќе го знаеме сите, но цариниците обрнуваат внимание и на тоа дали содржината на куферот се совпаѓа со она што го кажувате. Ако, на пример, одите на летен одмор, нормално е во куферот да имате костими за капење, креми за сончање и слично.

Понекогаш, на овој начин одредуваат дали треба да направат дополнителна проверка на куферот.

na-shto-najmnogu-obrnuvaat-vnimanie-carinicite-na-aerodrom-za-vreme-na-proverka-na-bagazhot-11.jpg

Погледнете и Психологија на патници: Како ве проценуваат стјуардесите уште при влез во авион?

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
11 фото-докази дека мажите може да бидат ужасни за соживот Oд јадење на питата од средина до хаос после нивниот кулинарски подвиг во кујнат...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
8 изуми кои ги создале жени, а без кои светот ќе беше сосема поинаков Аквариум, чистач за снег - жените стојат зад многу значајни изуми без кои светот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg