На што најмногу обрнуваат внимание цариниците на аеродром кога го проверуваат багажот?

Луѓето кои се одговорни за проверка на патниците се како вистински детективи – тие не само што ви го проверуваат багажот, туку мораат да обрнат внимание и на вашиот говор на телото, со цел да откријат дали има нешто сомнително.

na-shto-najmnogu-obrnuvaat-vnimanie-carinicite-na-aerodrom-za-vreme-na-proverka-na-bagazhot-01.jpg

А, имаат само 2-3 минути да оценат дали некоја личност претставува потенцијална закана. Тие најчесто обрнуваат внимание на облеката што ја носите и неколку невербални знаци кои често се појавуваат кај луѓето кои кријат нешто.

Се разбира, не значи дека секој што ќе направи некој од „сигналите“ е криминалец, но ова им помага да одредат кои патници се потенцијална опасност.

Во продолжение погледнете на што најмногу обрнуваат внимание:

Дали постојано ја допирате вашата торба

Ако неколкупати ја проверите торбата без да извадите нешто, нормално дека ќе изгледате сомнително. Обично луѓето се однесуваат вака кога се нервозни или кога кријат нешто, па цариниците го гледаат ова како сигнал.

na-shto-najmnogu-obrnuvaat-vnimanie-carinicite-na-aerodrom-za-vreme-na-proverka-na-bagazhot-02.jpg

Често трепкање и проѕевање

Понекогаш и честото трепкање и проѕевање можат да ја издадат личноста која крие нешто.

Бидејќи поголемиот дел од комуникацијата е невербална, ова однесување открива многу за патникот.

na-shto-najmnogu-obrnuvaat-vnimanie-carinicite-na-aerodrom-za-vreme-na-proverka-na-bagazhot-03.jpg

Триење на дланките

Кога сме под стрес, нашите дланки се потат, па ако криете нешто во багажот веројатно ќе го искусите ова.

А, кога ни се испотени дланките, најчесто ги триеме едни од други и ова е гестикулација што покажува дека патникот можеби крие нешто.

na-shto-najmnogu-obrnuvaat-vnimanie-carinicite-na-aerodrom-za-vreme-na-proverka-na-bagazhot-04.jpg

Прекрстени раце

На овој начин луѓето се обидуваат да се оттргнат од несаканото внимание. Прекрстувањето на рацете е знак дека личноста не сака да разговара, па затоа и ова е сигнал што го привлекува вниманието на цариниците.

na-shto-najmnogu-obrnuvaat-vnimanie-carinicite-na-aerodrom-za-vreme-na-proverka-na-bagazhot-05.jpg

Стегнати усни и муртење

Изразите на лицето се менуваат често и откриваат многу за нашите чувства. Ако патникот крие нешто, ќе биде под стрес и најверојатно ќе ги стегне усните или ќе има намуртен израз на лицето.

Истовремено, овие изрази покажуваат и дека некоја личност е гневна, што значи може да предизвика потенцијални проблеми.

na-shto-najmnogu-obrnuvaat-vnimanie-carinicite-na-aerodrom-za-vreme-na-proverka-na-bagazhot-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
11 фото-докази дека мажите може да бидат ужасни за соживот Oд јадење на питата од средина до хаос после нивниот кулинарски подвиг во кујнат...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
8 изуми кои ги создале жени, а без кои светот ќе беше сосема поинаков Аквариум, чистач за снег - жените стојат зад многу значајни изуми без кои светот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg