Забавни факти за Pac-Man, играта без крај која „наполни“ 40 години
Дури и ако не сакате да играте видеоигри, сигурно сте слушнале Pac-Man. Ова е аркадна игра која беше издадена во 1980-та година и веднаш ги освои срцата на децата, но и возрасните ширум светот.
Годинава, Pac-Man полни дури 40 години, и сè уште важи за една од најпопуларните видеоигри.
Оригиналното име на играта било Puck-Man. Зборот puck е инспириран од звукот што го правиме кога ја затвораме устата, а на јапонски овој звук е познат како „paku“. Името било променето во Pac-Man за да се приспособи за американскиот пазар.
Иватани Тору од Јапонија е креаторот на играта, а се веруваше дека идејата за дизајнот на главниот лик ја добил од формата на пицата. Подоцна Иватани изјави дека овие гласините се делумно вистинити, но и дека дизајнот зависел и од јапонскиот симбол со кој се пишува зборот „уста“.
Непријателите во играта се четири таканаречени духови со разни бои. Секој од нив се движи на различен начин и си има свој „карактер“. Портокаловиот дух, Клајд, е најмирен. Црвениот, Блинки, е најагресивен и најопасен. Синиот дух се вика Инки и е непредвидлив – никогаш не знаете каде ќе се појави. А Пинки, розовиот дух, секогаш се обидува да го загради Пек-Мен, но не и да го изеде.
Играта стана толку популарна, што со продажбата го надмина најпопуларниот филмски серијал од тој период – Star Wars.