Атина постои 3.400 години - најстарите градови во светот кои се населени и денес
Аргос, Грција
Аргос е познат како еден oд најстарите градови во светот кои постојано биле населени – за една област од градот се верува дека е постојано населена изминативе 7.000 години.
Луојанг, Кина
Пред околу 3.000 години, Луојанг се сметал за срцето на Кина.
Во овој град е изграден еден од првите будистички храмови, а овде се наоѓаат илјадници будистички скулптури издлабени во камен, за кои се верува дека датираат од 5-тиот век.
Лисабон, Португалија
Се верува дека првите луѓе се населиле во Лисабон во 1.200 година п.н.е. и тогаш градот бил познат како Улисипо.
Газијантеп, Турција
Во минатото овој град бил наречен Антеп, а неговата историја започнува уште во неолитот.
На само неколку километри од центарот на градот се наоѓа археолошко наоѓалиште од младото камено време.
Дамаск, Сирија
Денес Дамаск е главен град на Сирија, а се верува дека бил населен уште во 8.000 година п.н.е. Ова значи дека градот постои барем 10.000 години.
Луксор, Египет
Луксор започнал како центар за трговија, и тоа пред околу 4.000 години.
Во градот има многу храмови и гробници од минатото кои и денес се во одлична состојба.
Спирова С. | Црнобело