Атина постои 3.400 години - најстарите градови во светот кои се населени и денес
Ларнака, Кипар
Се верува дека Ларнака бил основан во 1.400 година п.н.е. Ова е град со богата историја и овде се наоѓа црквата на Свети Лазар, каде што е погребан светецот Лазар за кој се верува дека бил воскреснат од Исус.
Ерихон, Западен Брег
Ерихон е едно од најстарите населени места на планетата и датира од околу 9.000 година п.н.е. Градот се наоѓа во долината на реката Јордан, западно од Ерусалим.
Градот е спомнат и во Библијата, а овде се наоѓа и ѕид стар 8.000 години кој некогаш бил висок 3.5 метри.
Атина, Грција
Денес Атина е главниот град на Грција, а одовде потекнуваат некои од најголемите умови во историјата, како Сократ и Хипократ.
Атина постои 3.400 години и иако се малку, сè уште постојат некои стари градби, како храмот Партенон.
Пловдив, Бугарија
Откако откриле неколку мозаици и стари монети, археолозите заклучиле дека Пловдив постои уште од 1.400 година п.н.е. Овде се најдени и неколку населби од камено време, што значи областа е населена можеби 8.000 години.
Денес градот е прекрасна мешавина од модернистички стил и древни градби.
Ерусалим
Експертите веруваат дека луѓето почнале да се населуваат во Ерусалим околу 2.800 година п.н.е. Низ неговата долга историја, градот бил нападнат над 52 пати, а дури двапати морале да го градат од темел.