Исповеди: Кои навики на другите луѓе ме иритираат најмногу во животот?
„Да, во плакарот имам работи кои не ги користам и си ги чувам и не, не сакам ти да бидеш херојот во мојот дом и да ми ги исфрлиш.“
„Возачите кои возат со долги светла треба да бидат казнети, криминал е да ги ослепуваш другите луѓе.“
„Мразам кога на ручек членови од семејството со нечиста лажица земаат од киселото млеко или сосот и оставаат парчиња друга храна во него.“
„Мојот помал брат постојано гледа глупави видеа на телефонот и ме тероризира со гласот пуштен на најсилно.“
„Мразам кога во време на корона некој што не го познавам се пика да се вози во лифт со мене.“
„Маж ми секое утро седи по 1 час на тоалетната школка и јас не можам да се спремам за на работа. Навистина не знам зошто му треба толку време.“
„Тетка ми ме бомбардира со глупави коментари под моите фотографии на Фејсбук и постојано ми праќа здодевни видеа кои не сакам да ги гледам.“
„Ми се темни кога маж ми нечистите чорапи ќе ги соблече и ќе ги остави среде соба.“
С. С. | Црнобело