Исповеди: Кои навики на другите луѓе ме иритираат најмногу во животот?
„Мразам кога во време на корона некој што не го познавам се пика да се вози во лифт со мене.“
Секој некогаш се сретнал со луѓе со иритантни навики или пак самиот тој има некоја навика со која ги иритира другите.
Луѓе на Reddit откриваат кои навики кај другите најмногу ги нервираат:
„Мразам кога луѓето ме прашуваат „Како си“ колку да помине редот, а всушност тоа навистина не ги интересира.“
„Не си единствената личност во маркетот, тргни ја количката на страна за и другите да можат да поминат.“
„Од кожа ме вадат пешаци кои ја болкираат велосипедската патека, но и велосипедисти кои возат по пешачките зони.“
„Мразам машки кои ми се додворуваат на социјалните мрежи со клише пристап.“
„Врати го проклетиот стол на место кога стануваш од масата.“
„Полошо од тоа да се биде единствената личност во домот која се грижи да ги измие садовите, е да се биде единствената која го прави тоа правилно.“
„Мојата сопруга ако престане да поставува прашања и почне да го гледа филмот можеби и ќе сфати за што се работи во него.“
„Ако вратата е затворена кога влегуваш, тогаш зошто ја оставаш отворена кога си заминуваш?“
„Бившата кога ќе ми згрешеше нешто се извинуваше и велеше дека се мрази себеси, па на крајот јас требаше да ја тешам неа.“