Ќе биде тоа дооолг ден...
Понекогаш колку и да сме се труделе, нештата не одат според планот. Едноставно решение нема, но постојат совети кои можат да ви помогнат да ги...
...неутрализирате последиците.
1. Бидете продуктивни. Ако имате лош ден, претворете го во продуктивен правејќи нешто што ќе ви биде од корист. Средете ја собата, платете ги сметките, завршете ги работите кои ви стојат на глава подолго време.
2. Немојте да ги прескокнувате вежбите на телото. Во лошите денови тешко е да се поместите од кревет, но ќе ви бие полесно ако се активирате и вежбате барем половина час.
3. Јазикот држете го за заби. Без оглед што мислите дека ќе ви биде полесно ако се истресете на некого – се лажете. По ова ќе се чувствувате само полошо.
4. Одморете се. Ако имате прилика да отспиете – направете го тоа и одморете. На тој начин ќе ги наполните батериите со енергија.
5. Не се предавајте. Без оглед на тоа што ви се чини дека денот нема крај немојте да тонете во депресија. Мислете позитивно и најдете ја светлата точка која ќе ве крене на нозе.