Фото докази дека велосипедот станува превозно средство број 1 – кај нас и во Европа

Во Скопје многу почесто гледаме луѓе на велосипед, кралицата Максима ги врши работните обврски со велосипед, а во Ирска се одржуваат и прес-конференции на велосипед – како се менува културата за возење велосипед?

foto-dokazi-deka-velosipedot-stanuva-prevozno-sredstvo-broj-1-kaj-nas-i-vo-evropa-01.jpg

Во многу европски земји не беше потребна пандемија за да се случи ова и луѓето години наназад го користат велосипедот како главно превозно средство, а велосипедската инфраструктура е на завидно ниво.

Сепак, во некои земји, како на пример кај нас, иако и во последниве неколку години луѓето почнаа почесто да се возат велосипеди и да се прават патеки, сега желбата за заштита од вирусот придонесе уште повеќе да се зголеми бројот на велосипедисти низ земјата.

На Фејсбук страната на „НаТочак“, може да се забележи дека во време на корона активно се вози велосипед во Скопје, а замислете кога би имало и уште подобри услови за тоа, колку повеќе луѓе би го избрале овој начин на транспорт.

BIKE BOOM BIKE BOOM BIKE BOOM Ова е Скопје деновиве. <3 Ова му се случува на градот во време на корона со малку и...

Posted by НаТочак - NaTochak on Friday, May 22, 2020

Низ градот, голем дел од главните улици се „покриени“ со велосипедска патека, но би било одлично кога насекаде би постоела широка велосипедска патека, како онаа која деновиве е забележана во Измир.

Имено, одземена е цела автомобилска лента за да може да се добијат 2 велосипедски ленти во различен правец, а од страната има простор и за заштитни столбови помеѓу автомобилската и велосипедската патека.

Има велосипедски ленти и има машала велосипедски ленти! Pop up велосипедска лента во Измир, Турција. Одземена е цела...

Posted by НаТочак - NaTochak on Sunday, June 14, 2020

Во многу европски градови, иако има добра велосипедска мрежа, се прават промени и патеките се прошируваат, со цел да се создаде поголем простор за безбедност на велосипедистите и можност за дистанца при возење.

Велосипедот како средство за транспорт во многу европски земји е на прво место, а во Холандија не само „обичните граѓани“, туку и кралицата Максима вози велосипед кога ги врши своите должности, дотерана од глава до пети.

foto-dokazi-deka-velosipedot-stanuva-prevozno-sredstvo-broj-1-kaj-nas-i-vo-evropa-02.jpg

foto-dokazi-deka-velosipedot-stanuva-prevozno-sredstvo-broj-1-kaj-nas-i-vo-evropa-03.jpg

Во Ирска пак, лидерот на Зелената партија, одржува прес-конференција со новинари на велосипеди.

Лидерот на Зелената партија на Ирска, Eamon Ryan, одржува прес-конференција со новинари возејќи точак :) Најавува дека...

Posted by НаТочак - NaTochak on Tuesday, June 16, 2020

Животот навистина може да стане поубав ако сите почесто го бираат велосипедот како превозно средство, а оние кои најчесто работните обврски ги завршуваат со автомобил, барем да користат велосипеди за слободните и рекреативни активности.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
15 луѓе кои направија пластична операција и конечно се среќни со изгледот „Операцијата на носот е најверојатно најдобрата одлука што сум ја донела во живо...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
Фотки што ќе ве изнервираат: Ужасни патници во авион кои мислат само за себе Луѓе кои гледаат филмови без слушалки, па и луѓе кои јадат варени јајца во авион...
12 луѓе со уникатни генетски карактеристики - џиновско влакно од трепки, двобојна брада „Мојата ќерка има прамени на косата во две различни бои“ и уште 11 фотографии со...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg