Факти за сликите на Фејсбук
Фејсбук има поголема колекција на фотографии од било која друга страница на интернет. Кон крајот на 2010 на Фејсбук биле вчитани 60 милијарди...
...фотографии, во просек 6 милијарди месечно па се проценува дека летото 2011 на Фејсбук ќе бидат поставени 100 милијарди фотографии.
- Интересен факт е дека за време на викендот околу Нова Година на Фејсбук се поставени 750 милиони фотографии.
- Фотографиите се поставуваат најчесто за време на викендот (околу 17%) додека во работните денови овој интензитет опаѓа, но сеедно останува доволно висок (13%).
- Жените поставуваат дупло повеќе фотографии и двојно повеќе се означувани на фотографии.
- Мажите преферираат да ставаат фотографии на кои се сликани со девојки.
- Девојките преферираат фотографии на кои се сликани со пријателките.
- Повозрасните корисници поставуваат речиси иста количина фотографии како и младите, но значително помалку ги означуваат фотографиите.
- Дефинитивно најголем хит на Фејсбук се фотографиите од девојки сликани во тоалети со напрчени усни. Бројни се и шегите на оваа тема.