Кратенки на тастатурата со кои ќе си заштедите време додека работите на компјутер

Кога ги знаете кратенките на тастатура, може да си заштедите непотребни кликови на маусот „по долгиот пат“.

kratenki-na-tastatura-so-koi-kje-si-zashtedite-vreme-dodeka-rabotite-na-kompjuter-001.jpg

Ако сакате работата на компјутер да ви оди полесно и побрзо, добро е да знаете неколку трикови плус од основите „copy/paste“ на тастатура.

Во продолжение кратенки кои може да ги користите на Windows:

CTRL + ALT + TAB

Оваа комбинација ви овозможува да ги видите сите прозорци кои ви се отворени на компјутерот и да ги навигирате.

ALT + TAB

Оваа команда ви помага директно да скокате од еден на друг отворен прозорец на компјутерот.

ALT + F4

Внимавајте, ова може да ја затвори програмата која ви е отворена моментално.

F2

Ви овозможува да преименувате фајлови и фолдери на компјутерот со клик на нив и притискање на оваа команда, без да мора да ја барате опцијата со десен клик на маусот.

CTRL + SHIFT + T

Оваа комбинација го отвора последно затвореното јазиче на Google Chrome доколку по грешка го исклучите.

Windows (Start) + L

Оваа команда го заклучува компјутерот, кога сакате да станете од него, а да не ви остане отворено.

CTRL + SHIFT +N

Во Windows, со оваа команда може да креирате нов фолдер.

Во Google Chrome може да отворите приватен инкогнито јазиче во пребарувачот.

Windows + TAB

Оваа комбинација ги отвора сите тековни прозорци отворени на компјутерот, но и оние кои биле отворени во изминатиот период.

kratenki-na-tastatura-so-koi-kje-si-zashtedite-vreme-dodeka-rabotite-na-kompjuter-02.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Храна, бензин: 11 трикови како да заштедите пари и платата да ви издржи до 1-ви „Дадете си задача еден месец да не фрлите ништо од храна. Кога бананите ќе почну...
14 забавни фото-споредби: Различности кои не се опишуваат со зборови Нов и стар пар патики сликани еден до друг, маж пред и по трансплантација на кос...
13 забавни фото-споредби кои ќе ве насмеат и расположат Луѓе на социјалните мрежи споделуваат фотографии „пред и потоа“ и некои споредби...
Жени откриваат: „Работи кои сакаме мажите конечно да ги разберат за нас“ „Менструалните болки за некои жени се многу болни и жените не драматизираат“. По...
8 фрази кои оставаат впечаток на помалку интелигентна личност ако често ги изговарате (дури и несвес... Размислете, колку пати сте сакале да префрлите вина на некој друг? Дали прерано&...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg