Молчи, сега ќе трча Памела!
Како некој може да ја заборави сцената каде Памела Андерсон трча по плажата за да спаси уште една изгубена душа? „Молчи, сега ќе трча Памела“ беше хит...
...кај гимназијалците низ целиот свет. Бегавме од шети час за да видиме барем еден дел од Baywatch.
Нејзината кариера не е завидна на уметничко ниво, но затоа ги одбележа деведесеттите исто како Брижит Бардо 60тите и Фара Фосет 80тите.
Со годините нејзината слава се олабави исто како и црвениот костим за капење. Останаа во историјата Baywatch, V.I.P., Barb Wire, Плејбој и секако Томи Ли.
Многу ја обвинуваа заради нејзиниот упадлив изглед, преголемите силикони и домашните видеа. Но, изгледа кај Памела тоа и е магијата.
Денес таа е вегетаријанка која работи во ПЕТА, а воедно е и заштитно лице на линијата на Вивиен Вествуд.