Жената 100 % знае дека детето е нејзино, додека мажот… 20 причини зошто е подобро да се родите како жена
Веројатно многупати досега сте дискутирале дали е подобро да сте се родиле како маж или како жена? Да, можеби има неколку предности да се биде маж во денешниот свет. Но сепак, далеку поголеми се предностите и секако е поубаво и попријатно да се биде жена.
Неколку факти и лични опсервации се во игра на оваа вечна дебата. Време е да ја кренеме завесата и секако – да се забавуваме. Не си ги земајте работите премногу при срце.
Зошто е подобро да се биде жена?
1. Жените (т.н. „понежен пол“, што е секако смешно и иронично) живеат во просек помеѓу 5 и 10 години подолго од мажите.
2. Жените не мора да се бричат секој ден (на видни делови од телото како брада).
3. Во екстремни ситуации прво ги спасуваат жените и децата.
4. Жените може да доживеат многу повеќе оргазми во една ноќ отколку мажите.
5. Никогаш не се чувствуваат инфериорно доколку партнерот заработува дупло повеќе пари од нив.
6. Лесно се ослободуваат од напнатоста – со мирисна бања, играње на омилената музика или малку озборување со најдобрата другарка во живот или по телефон. Не им требаат литри алкохол за да се опуштат. Доволно е да се има еден пар нови чевли. Или убаво парче чоколадна торта. И животот е инстантно поубав.
7. Секогаш може да се извадат на ПМС за лошото расположение и напнатоста.
8. Во затворите има 3 пати повеќе мажи отколку жени. Зошто? Жените се едноставно повнимателни и полукави од мажите, дури и кога ги планираат злосторствата.
9. Дури и кога разговараат 3 часа на телефон со своите мајки, никој нема да ги нарече „мамини девојчиња“.
10. Фактот дека некогаш не разбираат некои „битни“ нешта како цинцилаторот на автомобилот не ги прави глупави туку едноставно симпатични и неодоливи.
11. Жените можат лесно да зборуваат за интимни и возбудувачки работи без да ја откријат сопствената сексуална возбуда.
12. Во женската природа нема мерење на... мускули, паричници, автомобили и слично.
13. Постојат неколку работи кои вообичаено на жените случаи не може да им се случат: импотенција, простата и рана ќелавост.
14. Можат да го решат речиси секој проблем со плачење. Никој не очекува да ги контролираат емоциите. И доколку гледаат хорор-филм може изненадно да скокнат и да вреснат, во никој случај не може да изгледаат глупаво.
15. Песни, романи, уметнички дела на платно, стихови и илјадници ремек-дела им се посветени токму на жените. И секако, дијамантите.
16. Кога жените носат машка облека тоа изгледа добро и заводливо. За жал, обратната ситуација сè уште носи исмевање и недоверба кај луѓето.
17. Одлично жонглираат повеќе работи истовремено. И да, ве слушаат што шушкате во заднина, иако мислите дека не ве слуша никој.
18. Никој не ги присилува жените да преместуваат мебел или тешки работи кога тоа е потребно, освен доколку самите не се понудат.
19. Научно е докажано дека жените може да истрпат многу повеќе болка (читај: породување) за разлика од мажите.
20. На крајот, да не заборавиме: жената е 100 % сигурна дека детето е нејзино. Додека мажот…