Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Што да направите кога ви се чини дека животот ви се распаѓа?

Не постои личност која барем еднаш не се почувствувала како да ѝ се распаѓа животот.

shto-da-pravite-koga-vi-se-chini-deka-zhivotot-vi-se-raspagja-01.jpg

Можеби некои работи не оделе по план, можеби периодов сте под многу стрес и без мотивација, а можеби и без никаква причина сметате дека во животот ништо не ви оди како што треба.

Најпрво, важно е да знаете дека овие тешки моменти кога-тогаш ќе поминат.

Но дури да се случи тоа, обидете се да се придржувате до следниве навики, кои ќе ви помогнат барем малку да ја вратите контролата над вашиот живот.

Не се нови и ви се добро познати, но убаво е да се потсетите што треба да правите во вакви моменти:

Наместо на грешките, фокусирајте се на она што можете да го поправите

Многу е лесно да почнете да паничите и да се нервирате за работите кои излегле надвор од ваша контрола. Ако сте во ваква ситуација, обидете се да го промените вашиот фокус.

Грижата за грешките и неуспесите нема да ви помогне. Затоа, размислете што можете да поправите и фокусирајте се на тоа.

Ако, на пример, немате време за сите обврски, обидете се подобро да се организирате. Ако не знаете што со вашата кариера, добро размислете што сакате да работите и како да успеете во тоа.

Без разлика зошто сметате дека ви се распаѓа животот, вдишете длабоко, погледнете ја ситуацијата од сите страни и размислете што можете да поправите, без разлика колку е мало.

shto-da-napravite-koga-vi-se-chini-deka-zhivotot-vi-se-raspagja-02.jpg

Не се преоптоварувајте поради неуспехот

Неретко, за лошото расположение и недостатокот од мотивација виновни се нашите мисли. Веројатно веќе сте сфатиле дека постојаното размислување за вашите неуспеси само дополнително ќе ве демотивира.

Затоа, прифатете ги вашите неуспеси и наместо како грешки, гледајте ги како лекции.

Поставете си цели

Кога ви се чини дека сте во безизлезна ситуација, обидете се да ги средите вашите мисли и да си поставите некаква цел. И тоа, вашата цел нема потреба да биде нешто големо.

Кога ќе знаете што сакате да постигнете, многу полесно ќе направите и план. Потоа, само следете го вашиот план и со текот на времето сигурно ќе се чувствувате подобро, дури и да не успеете да ја постигнете целта.

shto-da-napravite-koga-vi-se-chini-deka-zhivotot-vi-se-raspagja-03.jpg

Одвојте време само за себе

Без разлика колку напорно работите, ако не одвоите време за одмор и за себе, трудот ќе ви биде залуден.

Можеби мислите дека работејќи без пауза побрзо ќе се „извадите“ од оваа ситуација, но ако не спиете, ако не се храните здраво, ако не сте физички активни, ќе се намали вашиот перформанс и сигурно ќе се чувствувате уморно и лошо.

Затоа, кога ќе го правите планот за идните цели, не заборавајте да одвоите барем еден ден неделно кој ќе си го посветите само на себе.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Колку светлото го менува изгледот на познатите градби во Македонија и светот? Кривата кула во Пиза, Ајфеловата кула во Париз, операта во Сиднеј се само дел од...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
6 лаги што си ги кажувате сами, а ве кочат во животот „Сите се подобри и поуспешни од мене и никогаш нема да ги стигнам“. Која лага си...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg