Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


5 работи за кои жалат луѓето на смртна постела

Брони Вер е британска медицинска сестра која се грижи за луѓето во последните денови и недели од нивните животи и раскажува дека обично сите се каат за 5 слични работи на смртната постела.

 5-raboti-za-koi-zalat-lugeto-na-smrtna-postela-01.jpg

Таа во својата книга „5 работи за кои најмногу жалиме кога умираме“ ги раскажува кои се суштинските грешки кои ги правиме во текот на животот.

1. „Би сакал да имав храброст да го живеам животот како што јас сакав, а не како што очекуваа другите од мене“.

Повеќето од луѓето ги немаат исполнето ниту половина од своите соништа. Здравјето навистина ни ја дава слободата за која не сме свесни сѐ додека не го изгубиме.

2. „Посакувам да не работев толку многу и да имав повеќе време за семејството“.

„Ова ми го има кажано секој машки пациент кој сум го негувала. Го пропуштиле растењето на децата, одвоени од сопругите... и жените знаат да жалат за оваа одлука, но најчесто ова е случај кај мажите“ – вели сестрата Вер.

3. „Посакувам да имав храброст да кажам како се чувствувам“.

Многу луѓе ги потиснуваат своите емоции само за да не предизвикаат расправија со другите. Многумина се разболуваат заради огорченоста и чувствата кои ги мачеле со години.

5-raboti-za-koi-zalat-lugeto-na-smrtna-postela-02.jpg

4. „Барем да останев во контакт со пријателите“.

Најчесто вредноста на пријателството ја сфаќаме малку доцна.

5. „Посакувам да бев свесен за сопствената среќа и да уживав во неа“. 

Стравовите се оние кои не кочат во животот да ги правиме вистинските чекори. Уживајте во животот и живејте го секој ден како последен.

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
6 работи кои ве кочат во животот (и кои треба да ги промените) Екстремно сте самокритични и со своите отровни стрелички си ја разјадувате самод...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи од кои жените се згрозуваат кога ќе влезат во стан на некој маж Обвивки од искористени кондоми. Фрижидер преполн со алкохол, без воопшто храна в...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg