Преку ден научник, навечер танчарка во клубови - девојката со милионски прегледи на TikTok

Една девојка на TikTok успеа да добие повеќе од 9 милиони прегледи со „разоткривање“...

preku-den-e-naucnik-navecer-tancarka-vo-klubovi-devojkata-so-milionski-pregledi-na-tiktok-01.jpg

Данел Миничино преку ден е научник и кандидат на докторски студии – но, таа вели дека оваа работа не е доволно платена. Затоа, навечер работи како танчарка.

Повеќето од луѓето ја охрабруваат за нејзината напорна работа и дека добро е што се снашла и има начин како да заработува подобро, но секако, има и такви кои го критикуваат ова.

Даниел е 27 годишна студентка на медицина, а во моментов работи на своето докторско истражување за ретка педијатриска болест.

View this post on Instagram

A post shared by Danielle Minichino (@dani_the_scientist)

„Имам уште две години за да завршам со докторските студии“.

„Ноќе танцувам во големи ноќни клубови во Атлантик Сити. Ова го сакам навистина, а и ми помага да си ги плаќам сметките. Пораснав со часови по танцување од прекрасна професорка која ме научи да се чувствувам моќно и убаво додека танцувам.“

„Знаев дека ќе биде проблем да постигнам со танцувањето додека работам на докторската теза, но сепак успевам некако да ги координирам обврските“.

Даниел кога ја сподели својата животна приказна на TikTok имаше само 44 следбеници, и немала претстава дека може да стане толку вирална.

Таа вели дека нема намера да престане да танцува и кога ќе заврши со студиите.

Што мислите вие за начинот на кој таа се снаоѓа да заработи повеќе и покрај тоа што е во меѓувреме фокусирана на науката?

Следете ја Даниел на TikTok тука.

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девојката што „умира од досада“, девојчето со злобен поглед: Која е приказната зад најпознатите меми... Колку пати сте го виделе (и споделиле) мемето од момчето што ѝ раскажува нешто н...
„Отровот е во твојата глава“: Мудра кинеска приказна за снаа и свекрва „За целосно да избегнеш каков бил сомнеж, мора да го контролираш својот гнев, да...
Го промени светот, но умрел сам, во сиромаштија – Тажниот живот на Никола Тесла Никола Тесла е научникот кој го модернизира светот, но и покрај достигнувањата, ...
6 неочекувани навики поради кои никогаш не сте доволно наспани Вежбате навечер и носите несоодветни пижами – кои навики можат да имаат негативн...
Полноќно сонце, температури до -57˚C: Како изгледа животот на база на Антарктикот? (видео) Градежниот инженер Мети Џордан има поминато вкупно 400 дена на Антарктикот, каде...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg