Заповеди на спалната соба (1)

zapovedi-na-spalnata-soba-1-povekjeСингл филозофијата на животот во голема мера е прифатена, особено кај нас. Жените тоа го гледаат малку поинаку, но и тие не се имуни на трендот...

 

...на самостојноста. И не е тоа само помодерен назив на нешто што се нарекувало „ момачки живот“. Современиот маж е апсолутен господар на својот простор кој, како таков, во секој момент го презентира.

Архитектите, дизајнерите и стилистите задоволно тријат раце, бидејќи е важно на време да се продадат кулисите за новиот животен стил.

Жените кога ќе наминат во вашето мало царство, ќе ви простат понекоја неизмиена чинија или лежерно префрлена тренерка преку фотеља во дневната соба, но во спалната соба преферираат – перфектност. Тоа е местото каде што тие настапуваат.

Во ред, под налетот на страста понекогаш и не се стигнува до спалната соба. Тогаш фокусот е еден кон друг, но кога се зборува за заведување чекор по чекор, кога сакате да се преставите во најдобро светло, задолжително тестирајте го мирисот на вашата постелнина.

zapovedi-na-spalnata-soba-1

Немојте да се двоумите затоа што жената ќе го стори тоа наместо вас, а може и да не биде воодушевена. Не е дозволена немарност кога се жените во прашање. Што значи тоа?

Најпрво - на гардеробата местото и е во плакарот, а не секаде наоколу. Замислете ја сцената во која таа се сопнува од вашите патики за трчање (број 44) и паѓа директно на кревет, што и не е така лошо, но бидејќи денес има се помалку спонтаности, тешко дека тоа принудно слетување ќе и се допадне. Пред се ќе биде спротивното.

Иако повеќето мажи ќе се насмеат на списокот „опасни ситници во спалната соба“, искусните заводници се свесни за нивната важност.

Затоа гостинката во нивното кралство ќе ужива во постелнина од црн сатен. И ќе се чувствува баш така – како кралица. Впрочем, тоа и била првобитната намера кога сте ја повикале да преноќи кај вас.

Би можело да ве интересира:

Тешкиот живот на мајката на Џеф Безос – Го родила на 16 години, немала пари Мајката на еден од најбогатите луѓе во светот имала исклучително тежок живот и с...
13 мали потези со кои луѓето секојдневно придонесуваат за подобро општество - Ги правите ли и вие? Гледам на страна кога некој на банкомат си ја внесува лозинката. Секогаш ја враќ...
5 чести грешки што треба да ги имате предвид пред да се тетовирате Добро размислете која големина најмногу ќе ви одговара на вашата тетоважа, а ако...
Најбизарните рекорди во светот (кои не треба да пробате да ги срушите) Дали би се осмелиле да поминете 10 дена затворени во ковчег? А, дали би ставиле ...
Што да однесете како подарок на слава? Во ек се куќните слави – веројатно едни од најубавите поводи за да се видите со ...
7 древни јапонски техники со кои најлесно ќе ја надминете мрзеливоста Каизен, Ваби-саби, Хара Хачи Бу... Дали сте слушнале за овие техники п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg