15 златни правила за живот без неред и фрустрации
На многумина нередот им делува психички, такашто им создава нервоза и фрустрираност, односно чувство како да немаат контрола над својот живот.
Ако го исчистите нередот и се држите до овие 15 златни правила, ќе избегнете голем притисок во животот:
1. Не купувајте и трупајте сувенири.
2. Секогаш имајте барем една полица или фиока комплетно празна.
3. Површините низ домот нека бидат празни.
4. Не чувајте стари списанија и весници.
5. Одредете точно место за секоја работа.
6. Не го менувајте распоредот на предметите кои ги користите секојдневно – облеката, кујнскиот прибор, играчките...
7. Не купувајте импулсивно кујнски прибор, шолјички или стаклени садови без план и цел.
8. Не прифаќајте бесплатни подароци, освен ако не се корисни.
9. Купете доволно закачалки.
10. Пред секое легнување, секоја вечер вратете ги работите кои сте ги користеле на своето место.
11. Купете една кутија за сите ситници.
12. На секој сад кој не е провиден напишете што има во него.
13. Ако нешто не сте користеле подолго од 1 година – фрлете го.
14. Фрлете ги скршените предмети, не го чекајте денот кога ќе се поправат.
15. Ако гардероберот ви се затвора тешко – време е за чистка.
М. Д. | Црнобело